Полициски скијачки натпревар во алпски дисциплини

На падините на Попова Шапка, минатата недела се одржаа 26-тите по ред Полициски скијачки натпревари во алпски дисциплини, кои чевртта година се во организација и под покровителство на Македонскиот полициски синдикат.

На натпреварите кои беа организирани на патеката „Срт“, каде беше нивниот официјален старт, настапија педесетина учесници. Најдобар резултат во велеслалом повторно оствари Ѓорѓи Бушевски од Секторот за внатрешни работи Тетово, кој уште еднаш ја потврди својата супериорност и постигна најдобро време во машка конкуренција. На второ место се пласира Марко Гоцевски од ЦПС, а на третто Дејан Блажевски, исто така, од ЦПС.

Меѓу учесничките на велеслаломот најмногу покажа и заслужено победи Љубица Анчевска од Одделението за правни работи во МВР, пред Невенка Стевановска од БЈБ и Виолета Петрушева од СВР Струмица. На најдобрите во двете конкуренции им беа доделени пригодни награди и признанија, односно медали и дипломи за прво, второ и третто место. Посебно признание за активен придонес во реализацијата на натпреварите доби и СВР Тетово, додека дипломи за траен придонес за развој и унапредување на полициското скијање им беа врачени на Кире Ангелески и Братољуб Матеничарски.