Металург ја освои шампионската титула во БАХЛ

Екипата на Металург со упедлива победа над Динамо Софија ја ја потврди шампионската титула во регионалната БАХЛ лига. Пиратите во ова натпреварување уште еднаш ја потврдија својата класа, совладувајќи го домашниот тим со резултат 6-2, по периоди (2-0, 1-0, 3-2).

„Пиратите“ одиграа одличен натпревар навестуваќи уште една сигурна победа во воведниот период, кој го добија со двата погодоци на Шимчиќ. Во вториот период, „металурзите“ преку Внук ја зголемија предноста на 3-0, а во завршниот дел истиот играч постигне уште два погодоци, по што Анастасов го постави конечниот резултат од 6-2.

На свечената церемонија по крајот на оваа средба, хокеарите на Металург го примија трофејот за првата интернационална титула во БАХЛ, а втора за Металург по ред, само неколку дена по онаа што ја освои во домашниот шампионат. Играчите на нашиот шампион ги собраа речиси сите индивидуални награди, па така Давор Анастасов беше прогласен за МВП на шампионатот.