Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2015 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 903 598 МWh електрична енергија, 29.699 мил. nm3 природен гас, 494 898 тони јаглен и 73 627 тони нафтени продукти.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 71.7% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 97.1% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.