Зголемен бројот на Магистри на науки и специјалисти

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2014 година, звањето магистер на науки и специјалист го стекнале вкупно 2 194 лица од кои 2038 или 92.9% се магистри и 156 или 7.1% се специјалисти. Бројот на магистри и специјалисти, во споредба со 2013 годинa, е зголемен за 31.8%.

Учеството на жените магистри во вкупниот број на лица кои стекнале научен степен магистер на науки, во 2014 година изнесува 58.5%.

Во 2014 година, најголем број од магистерските трудови, 1 400 или 68.7%, се од областа на општествените науки, 15.2% се од областа на техничко-технолошките науки, а останатите се од областа на хуманистичките, природно-математичките, биотехничките и медицинските науки.