Секторот за превентивна здравствена заштита во Министерството за здравство, на 23 март одржа состанок со д-р Благоја Ѓорѓиески, претседател на Јога сојузот на Македонија и професори од Школата за обука на наставен кадар, Ванчо Тасески и Томе Биновски, потпретседател на Сојузот, на тема дефинирање на активности за почнување со зедничка соработка на Министерството за здравство и Јога сојузот на Македонија за организирање јога курсеви за бремени жени во повеќе градови низ Македонија.