Комисијата за образование и наука на СДСМ, одржа тематска Конференција на тема „Состојбите во образованието – каде понатаму“, на којашто учествуваа претставници од повеќе општински организации на СДСМ.
Се разговараше за решенија за клучните проблеми во образованието, поврзани со наставната програма во основните и во средните училишта, проблемот со неквалитетните учебници, моделите на евалуација и на оценување, несоодветното финансирање на науката и целосно нарушената автономија на универзитетот.
Констатирано е дека нашиот образовен систем треба да се потпира и да ги користи искуствата на успешните европски образовни модели, прилагодени на автентичните карактеристики за нашата земја.
Секое покрупно решение во образованието треба да има холистичка димензија, како дел од единствен и интегриран образовен систем.
Ова е прв вид на ваква активност на Комисијата за образование и наука, да се дебатира и да се утврдуваат квалитетни предлог решенија на ниво на конференција. Во наредниот период вакви тематски конференции Комисијата за образование ќе одржи во повеќе градови низ Македонија.