Претставата „Ојстер“ на танцовиот театар од Тел Авив вечерва во МНТ

Светски реномираниот национален танцов театар од ТелАвив вечерва ќе гостува на сцената на Македонскиот народен театар со претстава „Ојстер“, во режија на Инбал Пинто и Авшалом Полак.

Учествуваат осум танчери и четворица актери. Претствата, како што истакна режисерот Полак на денешната прес-конференција во МНТ, претставува мешавина, односно комбинација на театар и танц.

„Претставата се осврнува на самото општество, на нашето минато, нашите соништа, инстикти,… Се надевам дека вечер сите што ќе присуствуваат на претставата ќе имаат можност да видат дека нешто се случува, нешто што претходно не им се доближило“, рече Полак.

Според директорот на МНТ Дејан Лилиќ, се работи за претстава за сите генерации, љубители на сценската изведувачка дејност. – Шеесет минутен настап, кој знае да плени и ве остава запрепастени и зачудени и да си одите дома со големо размислување зачудени за животот за себеси и за оние околу нас. Настап полн со љубов, емоции инаучни акробатски елементи, истакна Лилиќ

Со изведбата на „Ојстер“, како што истакна министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, ќе се одбележат 20 години од воспоставување на билатералните односи меѓу Република Македонија и Државата Израел.

„Убедена сум дека нивниот настап, уникатните перформанси кои изобилуваат со иновативни и динамични движења и посебна сценска естетика, ќе бидат уживање и за стручната јавност, но и за нашата публика која пројави голем интерес за оваа претстава за која билетите се веќе распродадени“, истакна Канческа-Милевска.

Настапот на националниот танцов театар од Израел, според неа, претставува само сегмент од програмата што Министерството заедно со Амбасадата на Државата Израелво Македонија ја подготвиле за годинава, со која преку различни културни содржини, ќе биде одбележан 20-годишниот јубилеј.

Програмата опфаќа танцови перформанси на уметници од Израел, претставување поетски дела и изложби. Реномирани поети творци од Израел ќе бидат присутни наСтрушките вечери на поезијата, а Израелски уметници ќе се претстават и на фестивалот „Охридско лето“.

„На 18 јули во Охрид ќе се реализира ексклузивното гостување на двете најголеминационални театарски куќи од Израел, реномираните „Хабима“ и „Камери“ од Тел Авив, кои ќе ја изведат претставата „Нашиот клас“, што го обработува холокаустот на евреите.Наскоро ќе потпишеме и меморандум за соработка меѓу Фондот на Холокаустот наЕвреите од Македонија, Општина Штип и Министерството за култура на Република Македонија за реализацијата на активности за негувањето на споменот на културата, историјата и животот на Евреите во Штип, меѓу кои е и изградба на патнаинфраструктура, како и реставрација и конзервација на Еврејските гробишта во Штип“, информира Канческа – Милевска.

Во рамки на одбележувањето 20 години од воспоставените билатерални односи, кон крајот на септември Народниот театар од Битола со претставата „Среќен крај“ во режијана Благој Мицевски, ќе учествува на реномираниот фестивал за алтернативен театарнасловен како „Акко фестивал“ во израелскиот град Акре. Скопскиот дувачки квинтет ќе има настап во израелската метропола Тел Авив.

Амбасадорот на Државата Израел во Македонија Дан Ориан истакна дека покрај израелски уметници што ќе гостуваат во Македонија, и македонски уметници ќе имаат можност да го претстават своето творештво во Израел.

„Ќе имаме и една заедничка изложба која ќе биде претставена во Македонија и паралелно во Израел“, рече Ориан.

04_mak_-_izrael 05_mak_-_izrael_640x400 06_mak_-_izrael