Над 10 илјади вработени во МВР, полициски службеници и овластени службени лица, во рамки на усогласувањето на платите со вработените во Царинската управа, како дел од програмата за работа на Владата, ќе добијат зголемување за околу 20 проценти на основната плата до крајот на 2017 година.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на денешната заедничка прес-конференција со претседателот на македонскиот полициски синдикат Тихомир Климовска, нагласи дека со ова усогласување, што е резултат на партнерскиот дијалог со синдикатот, ќе се признае и посебната улога на МВР во општеството заради ризиците, функциите кои ги врши и специфичните задачи во кои не се вклучени други структури на јавната админситрација.
„Со исплатата на априлската плата вработените во МВР ќе добијат плати кои ќе бидат повисоки за 5 проценти во однос на нивната мартовска плата. Тоа значи дека за оваа намена Владата обезбедува дополнителни 250 милиони денари до крајот на годинава,“ појасни Јанкулоска, додавајќи оти усогласувањето ќе продолжи и во наредните 2 години.
Таа истакна дека ако дојде до покачување на платите на останатите вработени во администрацијата, тоа ќе важи и за вработените во МВР односно тоа ќе биде дополнително покачување независно од процесот на усогласвуање на платите.
Според Јанкулоска, од 2006 година наваму со новото покачување платите во МВР се повисоки за над 25 проценти, а тоа заедно со бројните инвестиции во опрема и подобрување на условите за работа, подвлече, најдобро го покажува позитивниот однос на Владата кон вработените во МВР.
Таа најави дека е во завршна фаза и донесување нов Колективен договор за вработените во МВР.
Министерката Јанкулоска напомена дека преку конструктивена дебата со полицискиот синдикат вработените имаат добиено и други придобивки, меѓу кои ги спомена одредбите за пензионирање под посебни услови по сила на закон со навршување на 40 години пензиски стаж, без оглед на возраста, при што старосната пензија се утврдува во висина од 80 проценти од просечната месечна нето плата што работникот ја остварил во текот на најповолните 10 години од пензискиот стаж. Се осврна и на постигнатиот договор за зголемување на надоместокот за прекувремена работа за време на празник и генерално земено право на надоместок за прекувремена работа за работниците во МВР кои вршат посебни должности и овластувања подолга од 190 часа годишно.
Претседателот на македонскиот полициски синдикат Тихомир Климовски, здравиот социјален дијалог со МВР, придонесе да се отпочне со процес на усогласување на платите. Обемната компаративна анализа на работни тимови од синдикатот и МВР, потенцира тој, вроди плод.
„Во својата висока професионалност, посветеност на работата, енормните ризици, опасноста, стресот и провокациите со кои се судруваат во секојдневното работење, моите колеги го заслужуваат ова зголемување на плкатите,“ рече Климовски, изразувајќи благодарност до Владата.
Ова покачување ќе ја зголеми мотивираноста во извршувањето на службените обврски, ќе овозможи и реализација на актите кои се во завршна фаза на донесување во МВР односно на новиот КОлетивен договор во МВР.
На меѓународен план овој процес ќе придонесе македонсктие полицајци да бидат меѓу подобро платените од овој регион.