Се расчистува месноста „Мазија“

Во месноста „Мазија„ во близина на Холандскиот Парк се расчистува обраснатата џбунеста вегетација (диви капини, трње и др.).

„Со тоа зелената тревна површина ќе се прошири и полесно ќе се одржува. Ангажирани се 4 парковски работници и специјално возило за транспорт на зелениот отпад.“- велат од ЈП „Охридски Комуналец“.