Трета награда за средношколци од охридската гимназија на Државниот наптревар по информатика

На 26-тиот Државен натпревар по информатика за учениците од средните и основните училишта кој се одржа на 28-ми март во Скопје, учениците Марија Цветаноска и Владо Војдановски од прва година од ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид, во конкуренција од повеќе од 90 ученици, двајцата освоија трета награда.

На натпреварот учествуваа ученици од сите четири години на средното образование, но исто така и ученици од основните училишта ширум државата. Тие меѓусебно се натпреваруваа со своите програмерски вештини во програмскиот јазик С++ и решаваа задачи кои по својата природа се алгоритамски.

„За да се пласираат на Државниот натпревар, претходно учениците учествуваа и на Регионалниот натпревар, во којшто и двајцата ученици беа најдобри во својата натпреварувачка група.

Младите програмери се голема надеж за училиштето и градот затоа што тие не застануваат тука, туку постојано ќе ги следат и ќе учествуваат и на наредните натпреварувања.“- велат од охридската гимназија.