Се менуваат оштетените улични светилки

Деновиве надлежните ги заменуваа оштетените улични светилки со нови.

Со изгласување на одлуката за избор на приватен партнер започна постапката за модернизирање на јавното осветлување во Охрид, со што охриѓани ќе добијат современо и модерно улично осветлување со лед светилки. Осовременувањето на уличното осветлување ќе го врши реномираната компанија ИЦС Системи од Чешка, која уличното осветлувањето ќе го добие на 15 години користење.

WebOhrid