Започна пријавувањето за полагање на испитот за англиски јазик за сите такси возачи

Од денеска започнува пријавувањето за полагање на испитот за странски јазик (англиски јазик ) за сите такси возачи со цел да се здобијат со Сертификат за познавање на англиски јазик.

Имено согласно Законот за патен сообраќај сите авто такси возачи мора да поседуваат Сертификат за познавање на основен степен на англиски јазик, кој Сертификат понатаму е еден од условите да се здобијат со лиценца за вршење на авто такси превоз и кој ќе биде задолжителен од 01.01.2017 година.

Пријавувањето на кандидатите ќе се врши на електронска пошта ispiti@mtc.gov.mk. Покрај пријавата која ќе може да се најде на веб страната на Министерството зa транспот и врски www.mtc.gov.mk, кандидатите да приложат:

1. М1/М2 образец не постар од 60 дена

2. Kопија од лична карта.

Рокот на пријавување е 15 04 2015 годинa.

„Сакаме да истакнеме дека авто такси возачите нема да сносат никакви торшоци за полагање на овој испит, односно испитот е бесплатен. На конкурсот за полагање на испитот по англиски јазик може да се пријават само такси возачи вработени во лиценцирани авто такси компании.“- истакнуваат од Министерството за транспорт и врски.

Времето и местото на полагање на испитот дополнително ќе биде објевено на веб страната на Министерството за транспорт и врски.