Поради постоење основи на сомнение за сторени повеќе казнени дела – “насилство“, “предизвикување општа опасност“, “напад на овластено службено лице“ и “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против шест лица С.Т.(45), Б.Т.(18), С.Б.(24), М.М.(24), Г.Т.(50) и М.Т.(40) сите од Охрид . Од страна на Судија на претходна постапка за прјавениот Б.Т. одредена е мерка притвор во траење до 30 дена.
Имено вчера околу 01 часот, во угостителски објект во Охрид лоциран на булеварот „Македонски просветители“, пријавените С.Т.(45), Б.Т.(18), С.Б.(24) и М.М.(24) започнале вребална расправија која набрзо прераснала во меѓусебна жестока физичка пресметка со тупаници користејќи и делови од инвентарот на објектот. По кратко време М.Т. и Г.Т. со возило пристигнале на местото од каде Б.Т. го пренесле на брза помош по што, се упатиле на улицата „Лазо Трпоски“ каде живее С.Б. Тука Б.Т. со огнено оружје пиштол, кон куќата испукал неколку куршуми, и потоа се упатиле на хируршкото оделение во Општата болница. Таму Г.Т. го забележал родителот на С.Б и физички го нападнал. Овој обид за физичка пресметка и поголемо нарушување на јавниот ред и мир, бил спречен од полициски службеник кој притоа од Г.Т. со тупаници бил нападнат во пределот на градите. Од ударите, полицискиот службеник се здобил со телесни повреди а при пад Г.Т. со фрактура на десно стопало. По наредба од судија во претходна постапка, извршен е претрес во домот на Б.Т. Г.Т. и М.Т. при што одземени се повеќе парчиња оружје и муниција.