Велигденска честитка од градоначалникот Бакрачески до католичките верници

Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, по повод големиот празник Велигден, упати честитка до граѓаните со католичка вероисповест.

„Најискрено Ви го честитам празнувањето на најголемиот христијански празник Велигден, денот на Христовото Воскресение и Ви посакувам да го прославите во добро расположение,здравје, среќа и семејна хармонија. Во овие празнични денови исто така ви посакувам благосостојба, добра мисла и соживот на сите луѓе, без разлика на нивната етничка, религиозна или каква било друга припадност“ – стои во велигденската честитка на градоначалникот Никола Бакрачески до католичките верници.