СВР Скопје Единица за општ криминал – Одделение за координација на ККР – ККР Чаир до надлежното ОЈО со кривична пријава ги предаде лицата Н.И.(21) и С.Д.(19) и двајцата од Скопје поради основано сомнение дека извршиле четири кривични дела, и тоа три кривични дела “тешка кражба“ предвидени и казниви по чл. 236 од КЗ, и едно кривично дело “кражба“ предвидено и казниво по чл. 235 од КЗ на РМ. Со извршувањето на ови кривични дела пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 198.000 денари. Од страна на судија на претходна постапка на Н.И. одредена му е мерка притвор во траење од осум дена, а додека на С.Д. изречена и е мерка задолжително јавување во суд секој понеделник.
Горепријавените, кривичните дела ги извршиле во периодот од јануари до март годинава, и тоа по едно кривично дело на подрачје на Центар и Карпош и две кривични дела на подрачје на Чаир, и тоа во вечерните часови, при што предмет на кражби биле неколку куќи и една продавница –бутик.
Кривичните дела пријавените ги извршиле на различни начини – тешките кражби во две куќи ги ивршиле на тој начин што со употреба на погоден предмет насилно делувале помеѓу крилото и рамката од влезната врата при што ја отворале, кражбата во продавницата на тој начин што со употреба на тврд подесен предмет го скинале катанецот од надворешната железна врата а потоа со физичка сила и погоден предмет ја отвориле ПВЦ вратата од бутикот, а пак кражбата во една куќа ја извршиле на тој начин што влегле преку незаклучената влезна врата.
При извршувањето на кривичните дела горепријавените правеле претурање и пребарување во објектите при што одземале мобилни телефони, часовници, златен и сребрен накит, телевизор, лап-топ компјутер, паричник со документи, како и поголема количина на гардероба (тренерки) од продавницата. Дел од украдените предмети Н.И. ги продал на него познати лица, а додека останатите ги продал во населба Шуто Оризари и на дивиот пазар на Кале на непознати лица. Дел од пронајдените предмети со подврди се одземени и вратени на оштетените.
Според крим евиденцијата на Министерството за внатрешни работи против Н.И. поднесени се 16 кривични пријави за извршени кривични дела од областа на имотните деликти и кривични дела против јавниот ред и мир, а против С.Д. поднесени се 34 кривични пријави сите од областа на имотните деликти.