Ќе се одбележат 200 години од раѓањето на хрватскиот културен деец Јосип Јурај Штросмаер

Во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, охридската библиотека и Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“ – Струга ќе одбележат 200 години од раѓањето на хрватскиот културен деец Јосип Јурај  Штросмаер.

Поздравна реч ќе има директорката на градската библиотека Александра Белевска. Модератор е писателот м-р Разме Кумбароски.

Реч за животот и делото ќе има проф. д-р Златко Крамариќ, Амбасадор на Република Хрватска во Република Македонија.

Инаку, Јосип Јурај Штросмаер е роден 1815 година, а починал во 1905 година.

Настанот ќе се одржи утре, 7-ми април (вторник) со почеток во 12:00 часот.