Честитка од министерката за одбрана по повод Денот на Републиката

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска упатува честитки до сите граѓани на Република Македонија по повод големиот празник Илинден.

„Денеска прославуваме 114 години од Илинденското востание и 73 години од првото заседание на АСНОМ. Заедно, со вас, граѓаните, без разлика на вера, етничка припадност, пол и убедувања, создаваме подобра иднина за нашата земја! Нека ни е честит Денот на Републиката -2 Август, Илинден!“

По повод денешниот празник „Илинден“, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска заедно со делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, положија венци со свежо свеќе и се поклонија на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас во Скопје.

Делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ положија венци со свежо цвеќе и пред споменикот на АСНОМ, споменикот на Никола Карев и споменикот на Методија Андонов Ченто во Скопје и на спомен обележјето, Мечкин Камен во Крушево.