Министерството за одбрана на Република Македонија продолжува да биде предводник на активностите за интеграција на родовата перспектива во рамките на Министерството и Армијата на Република Македонија. За таа цел од крајот од минатиот месец и во следните неколку недели, во организација на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија се реализират еднодневни Семинари за родова перспектива со персоналот од Генералштабот на Армијата на Република Македонија.
Семинарот за Родова перспектива опфаќа: Родови поими и дефиниции, Меѓународни правни рамки за имплементација на Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите Нации 1325 за жените, мирот и безбедноста, Националниот акционен план на Република Македонија за имплементација на Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите Нации 1325 за жените, мирот и безбедноста, практичната примена на родовота перспектива во процесот на планирање на операциите, родовата перспектива во воените операции и важноста на лидерството за интеграција и имплементација на родовата перспектива на сите нивоа во Министерството за одбрана на Република Македонија и Армијата на Република Македонија.
Целта на семинарот е персоналот од Генералштабот на Армијата на Република Македонија да ги согледа можностите и начините на интеграција и имплементација на родовата перспектива на сите нивоа во Армијата на Република Македонија.