По дводневни проблеми со напојување на електрична енергија, конечно денес им светна на лешанци и другите дебрчани, но сепак, како што кажуваат од жители од Дебрца, некои села уште немаат струја. Како што велат тие, изминатиот период прекините биле чести и долготрајни. Причина за ова е како што велат е стариот далеквод и столбовите кои се стари и повеќе од 60 години.
Потребно е, додаваат дебрчани, да се вложи во нова електрична инсталација за да се обезбеди редовно и капацитетно електрично напопјување на сите приклучоци во Дебрца.
WebOhrid