Снег на Попова Шапка, Маврово и Стража

Сообраќајот на патниот правец Катланово – Велес од 21:45 часот е нормализиран. Завршено е со расчистување на одронот. Поради внимателност, во должина од 500 метри сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Поставена е дополнителна сообраќајна и светлосна сигнализација.

Поради врнежи од снег, од 20:15 часот, на патниот правец Р1202 од Мавровска крстосница„ Маврови Анови -Дебар и обратно, воведена е забрана за тешки товарни возила. Од 20:35 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Стража.

Поради свлечиште на патниот правец А3 Прилеп-Ресен, на обиколницата на Битола, сообраќајот е во целосен прекин за сите видови на возила. Сообраќајот се пренасочува низ градот Битола.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, Маврово и Стража.