Градоначалникот Никола Бакрачески денес во Националната Установа Библиотека „Григор Прличев“, присуствуваше на одбележувањето на 200 годишнината од раѓањето на хрватскиот великан од 19-от и почетокот на 20-от век, Јосип Јурај – Штросмаер.
За македонскиот народ Штросмаер е особено значаен затоа што се залагал за издавање на капиталното дело „Зборникот на Миладиновци“со што започнува големата македонска преродба.
За животот и делото на Штросмаер, зборуваа амбасадорот на Р. Хрватска во Р. Македонија проф. д-р Златко Крамариќ и директорката на библиотеката Александра Белевска.
Штросмаер е личност од енциклопедиски формат, но неговото дело е особено важно во три области, тој е хрватски бискуп, доктор по теологија, политичар, лидер на Народната партија и истакнат културен деец.