Продолжуваат средбите со жителите од урбани заедници

Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески продолжува со средби со жителите од урбаните заедници. Утре, 9-ти април ( четврток) во хотелот „ Мизо“ , со почеток во 17 часот ќе се одржи средба со жителите на Урбаната заедница „Воска“ .

На средбата со жителите на оваа урбана заедница, покрај соработниците на градоначалникот Бакрачески, ќе присуатвуваат и директорите на јавните претпријатија. Целта на средбата е запознавање на градоначалникот со проблемите на жителите од оваа населба и можностите за нивно побрзо решавање.