ЈП „Билјанини Извори“ со позитивни резултати од работењето

Директорот на ЈП „Билјанини Извори“, Ристе Мишев денес одржа прес-конференција, на која даде отчет за сработеното во изминатите две години.

Го имам задоволството да ги презентирам пред јавноста позитивните резултати од работењето на ЈП „Билјанини Извори“ во изминатите две години, период во кој соочени со бројни потешкотии во елементарното функционирање кое е последица од наследените долгови од минатото, сепак успеавме да го стопираме задолжувањето, да го намалиме вкупниот долг, да исплаќаме редовно плати, но и да се избориме за средства кои се инвестираа во нови објекти кои ќе останат за идните генерации. Пред речиси две години новата власт ја намали цената па паркирањето во центарот на Охрид од тогашните 50 на 20 денари за час , со што паркирањето стана подостапно за граѓаните и ги врати паркинзите под владение на ЈП „Билјанини Извори“ со што се направи основа за идно стабилизирање на приходите, од кои сега доаѓа најголемиот дел од приливот на финансии во пр етпријатието. Во минатите две години се подготви документација и проект со кој се безбедија средства од ФФМ за изградба на фудбалскиот терен на вештаќка трева, капитална инвестиција за претпријатието вредна 300.000 евра, која покрај тоа што носи средства во касата на ЈП „Билјанини Извори“, носи шанса и бенефит за охридскиот туризам бидејќи привлекува екипи од земјите од регионот кои доаѓаат во Охрид да тренираат во зима од што корист имаат туристичките работници.

Исто така благодарение на Локаланта власт, претпријатието доби вреден двокатен автобус кој е донација од Владата, а кој е изнајмуан од туристичките агенции во летиот период и од кој се остваруваат знаајни приходи во буџетот на претпријатието.

Тука ќе го напоменам и договорот кој го имаме потпишано со Локалната самоуправа и Градоначалникот Никола Бакрачески, а со кој се субвенционираат речиси сите спортски клубови во градот на кои им се обезбедени спортските терени, а за нашето претпријатие се обезбедуваат дополнителни 2 674 000,00 денари кои Локаланта ќе ги уплати како субвенција за клубоите во касата на ЈП „Билјанини Извори“.“ истакна Мишев и додаде: 

„Со максимални залагања за штедење, искоренување на непторебните трошоци и домаќинско работење се успеа вработените да почнат секој месец да примаат плата и времињата на донцнење на платите со месеци се минато, а успеавме и вкупниот долг на претпријатието да го намалиме за 2.204.422 денари што претставува првпат ова претпријатие да дојде до фаза да намалува наместо да создава нови долгови.“- додаде Мишев.

Директорот Мишев, потсети на дел од активностите кои во изминатите две години ги реализира Јавното претпријатие „Билјанини Извори“.

„Со помош и лобирање на Градоначалникот успеавме да издејствуваме Охрид да е домаќин на Европското првенство во Ракомет за кадетки настан. Бевме и домаќини на финалето на ракометниот КУП на Македонија. Охрид беше домаќин на Гимназијада 2014, настан кој се одигра на нашите терени и собра голем број учесници бидејќи се работеше за најмасовната гимназијада до сега. Охрид беше домаќин и на меѓународниот турнир во кошарка Трофеј Македонија 2014. Бевме домаќини и на Балканското првенство во сениори во карате, како и на синдикалните игри на повеќе синдикати и ред други настани кои во интерес на времето нема да може да ги наброиме бидејќи ги има премногу.

Во ракми на проектот „Спортско лето – спорт за сите“ се одржаа и ревијалните наптревари во Ватерполо кој се играат две години по ред меѓу вечните ривали Охрид и Струга, а го организиравме и пливачкиот митинг Климент Охридски. Се одржа и хуманитарен ревијален фудбалски нпатревар на ветераните на ФК Охрид и репрезентациајта на Македонија, како и Детската лига во која учествуваа дури 27 екипи од Македонија Тука ќе ги спомнам и гостувањето на фестивалите Златно Славејче и Супер Ѕвезда кои беа наши гости.“- потсети Мишев.

Како што рече директорот Мишев, ЈП „Билјанини Извори“, не застанува тука, продолжува и оваа година и оваа летна сезона посветено и енергично да работи.

Директорот најави дека ова лето од 20-ти  до 26-ти јуни во Охрид ќе престојува најдобрата светска ракометарка Андреа Лекиќ која ќе организира ракометен камп во Охрид, во кој ќе престојуваат и тренираат ракометари од 12 европски земји . Исто така рече и дека ќе се одржи кошаркарскиот турнир Трофеј Македонија 2015, а Охрид ќе биде домаќин и на Европското кошаркарско првенство за млади.

„Претпријатието веќе преговара со некои продукциски куќи кои пројавија интерес за закуп на објектите на кои планираат да организираат концерти во летото кое е пред нас и како и минатите години и оваа година ќе се остварат приходи од таквата дејност.“- заврши Мишев.

WebOhrid