Основци од „Дебрца“ подарија велигденски јајца на збратименото училиште „Нури Мазари“ од Корошишта

Во рамките на одбележувањето на големиот празник Велигден ЦОУ„Дебрца“ с. Белчишта се одржаа работилници со учениците, родителите и наставниците во сите подрачни училишта на територијата на Општината Дебрца во кој се вапсуваа јајца и се изработуваа велигденски украси. Денес на вработените во општина Дебрца и на учениците од ОУ „Нури Мазари“- Корошишта им беа поделени Велигденски јајца.

На учениците и вработените од ОУ „Нури Мазари“ им беа презентирани и обичаите за празникот Христово Воскресение.