Василиева Литургија и Воскресна богослужба за Велика сабота и Воскресение Христово

Утре, 11-ти април, сабота, Велика сабота, ќе се служи вечерна со Василиева Литургија во црквата „Света Богородица“ – Каменско, со почеток во 8:30 часот.

На Воскресение Христово, ќе има Воскресна богослужба во сите градски цркви со почеток во 23:30 часот.

Митрополитот г. Тимотеј ќе богослужи во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, со почеток во 23:30 часот.