Во текот на минатиот месец, постапувајќи во рамките на опартивната акција “Гора“ за спречување на нелегална сеча и трговија со огровно дрво СВР Скопје до надлежното ОЈО поднесе осум кривични пријави со кои се опфатени 13 лица, а за сторени 15 кривични дела од кои: четири кривични дела “кражба“ (три по чл.235 ст.3 и едно по чл.235 ст.3 в.в. со чл.22), три кривични дела – “фалсификување или уништување деловни книги“ (едно по чл.280 ст.1 и две по чл.280 ст.2), по две дела – “злоупотреба на службена положба и овластување“ (чл.353), и “злоупотреба на лични податоци“ (чл.149), како и по едно кривично дело – “прикривање“ (чл.261 ст.2), “помагање“ в.в. “злоупотреба на службена положба и овластување“ (чл.24 в.в.чл 353), “фалсификување службена исправа“ (чл.361 ст.1) и “помагање“ в.в. “кражба“ (чл.24 в.в.чл 235 ст.3).
Имено, кривично се пријавени лицата С.Ш. (33), Р.Ш. (19) од Скопје за сторено кривично дело “фалсификување или уништување деловни книги“, кои едниот во својство на сопственик и управител на правното лице “ФАТОНШПЕД КОМЕРЦ ДООЕЛ увоз-извоз Блаце, Чучер Сандево-Скопје“ а вториот како возач во истото, внеле невистинити податоци за испорака на огревни дрва и со таквата испратница заверена со потпис и печат со ТМВ „Мерцедес“ пренеле седум метри кубни дрва наводен купувач во скопски Чаир. Од страна на шумска полиција извршена е контрола и мерење на дрвната маса (седум м3 недоволно жигосани дрва), одземено е ТМВ и дрвата.
Во вториот случај кривично пријавен се лицата Н.Д. (70) и Д.Д. (45) од село Миладиновци, за кривично дело “кражба“ бидејќи бесправно од туѓа шума исекле и подготвиле за транспрт 2,4 м3 огревно дрво, причинувајќи штета од од 16.800 денари.
Исто така кривично пријавено е и лицето Џ.А. (31)) од Скопје за кривично дело “кражба“. Пријавениот во атарот на с.Драчевица, м.в.„Рупе“ од туѓа шума бесправно исекол дабови дрвја и габер во количина од 1,5 м3 и иако знаел дека не поседува одобрение за сеча, испратница за транспорт и дека истите не се жигосани со јасно видлив шумски жиг, ги натоварил на коњи и се упатил кон ул.„Првомајска“ кон с.Усје со намера да ги продаде, предизвикувајќи штета од 10.500 денари.
Потоа во четвртиот случај кривично е пријавен Б.П. (41) од Скопје, за сторени две дела, “злоупотреба на службената положба и овластување“ и “злоупотреба на лични податоци“. Пријавениот како раководител на ШСЕ „Патишка Река“ во ЈП „Македонски шуми“ – ПШС „Караџица“ – Скопје, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување во повеќе наврати врз основа на поднесени и од него одобрени барања издал дозволи за сеча на дрвна маса во државна нискостеблеста шума во количини поголеми од 10 м/3, со што овозможил на 18 физички лица – баратели да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 129.380 денари, за кој износ го оштетил ЈП „Македонски шуми“ – Скопје. Воедно, иако знаел дека одобренија за сеча на дрвна маса се издаваат само и исклучиво врз основа на поднесување на барање лично од физичкото лице – барател со утврдување на неговиот идентитет врз основа на лична карта или друг документ за идентификација, тој одобрувал барања и издавал одобренија и дозволи за сеча на дрвна маса на физички лица користејќи туѓи лични податоци без согласност и знаење на граѓанинот чии податоци се искористени.
Во петиот случај кривично е пријавено лицето Д.В. (69) од Скопје, за кривично дело “прикривање“. Пријавената од непознато лице купила огревни дрвја даб во количина од 2 м3 по цена од 1.500 денари по кубик иако знаела дека дрвјата не биле жигосани со јасно видлив шумски жиг, дека не и биле испорачани со испратница издадена од страна на продавачот на нејзино име, а цената по која и биле продадени била многу пониска од реалната продажна цена на пазарот.
Во шестиот случај поднесена е кривична пријава против две лица од Скопје, Ј.Ч. (38) за “злоупотреба на службена положба и овластување“ и “фалсификување службена исправа“ и А.Д. (31) за “помагање“. Првопријавениот како раководител на ШСЕ “Маркова Река“ во ПШС Караџица Скопје при ЈП Македонски шуми – Скопје злоупотребувајќија својата службена положба и овластување по претходен договор со второпријавениот кој на непознат начин обезбедил фотокопија од лична карта од некое лице од с.Морани, искористувајќи ги неговите лични податоци без негово знаење, во негово име во ПШС Караџица поднел Барање за обезбедување со шумски сортименти за сопствени потреби од страна на физички лица во државна нискостеблеста шума за дрвен вид и сортимен 10 м3 отпад после сеча кон кое ја приложил фотокопијата од личната карта на лицето. Првопријавениот барањето го завел и го заверил со штембил на ЈП Македонски шуми – ПШС Караџица го одобрил со свој потпис и одобрил издавање на дозвола за сеча на име на лицето без негово знаење. По ова одобрението го дал на А.Д. којизвршил уплата на предвидениот износ од 9.000 денари согласно ценовникот на ЈП Македонски шуми. Наместо ова А.Д. отсекол 4 м3 квалитетно сурово огревно дрво бука и даб и само 1.5 м3 отпад после сеча. Со овие активности Ј.Ч му овозможил на А.Д. да се стеркне со речиси 12.000 денари противправна имотна косирт а притоа нанесувајќи штета за ЈП Македонски шуми-ПШС Караџица за износ од 28.000 денари.
Потоа во седмиот случај поднесена е кривична пријава против Р.С. (54) од Скопје, за кривично дело – “кражба“. Пријавениот во два наврати од парк шумата Водно, од м.в. “под Рамниште“ извршил бесправна сеча на дрва и одзел 0,49 м3 дрво бор и 7,3 м3 дабово и габерово дрво, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 53.640 денари.
И во последниот случај кривично се пријавени три лица од Скопје, А.А. (54) за кривично дело “кражба“, Е.Џ. (18) и М.Џ. (18) за кривично дело “помагање“. Пријавените од парк шумата Водно, од м.в. „Шумјак“ извршиле бесправна сеча на дрва и одзеле 5 м3 дрво (даб и габер), стекнувајќи се со противправна имотна корист од 35.050 денари.