СДММ на 12-от конгрес на млади европски социјалисти

Социјалдемократската младина на Македонија учествува на 12-от Конгрес на YES (Young European Socialists – Млади европски социјалисти), асоцијација што ги обединува социјалдемократските подмладоци од Европа.

Конгресот се одржува во Винтертур, Швајцарија, на којшто како претставници и делегати од СДММ присуствуваат членови на Извршниот одбор на Социјалдемократската младина на Македонија.

На највисокиот орган на оваа асоцијација – Конгресот,

Покрај изборниот дел на Конгресот, бидејки се избира ново претседателство и секретаријат, ќе се отвори дебата и за социјалдемократијата, како и за актуелните проблеми во земјите членки во асоцијацијата на Млади европски социјалисти.

СДММ на овој Конгрес ќе ја акцентира заложбата за враќање на загрозените демокртаски вредности и слободата во Македонија и потребата од преземање политичка одговороност како начин на излез од политичката криза, по нерегуларните избори и обелоденетите скандали во коишто е инволвиран тесниот врв во власта.

СДММ ќе се заложи Македонија да продолжи по патот на евроинтеграциите, за зачувување на кандидатскиот статус и на препораката за почеток на преговори со ЕУ, при што ќе побара проактивна поддршка за Македонија.

SDMMYESCongress СДММИгорТрајчевскиЕленаСуџукович ИгорТрајчевскиЕленаСуџукович