Здружението „Титоисти“ Охрид упати честитка до православните верници и граѓаните кои го празнуваат големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.
„Блескавиот момент на Христовото воскресение за спас на човештвото, денес го славиме како ореол на христијанското битисување и како најголем симбол на христијанската вера!
Во овие тешки времиња на секојднева егзистенцијална борба, во сечиј дом и во секое срце, денешниот празник нека донесе светлина и верба во животот, мир и благосостојба!
Велигденските денови нека бидат повод да разбереме и да бидеме разбрани, да поделиме љубов , да подадеме пријателска рака и да се обединиме во искрените желби и намери, за создавање посветла иднина за нас, меѓутоа, пред се, за оние кои ќе ги оставиме во наследство!
Христос Воскресна! За многу години!“- стои во честитката на Здружение „Титоисти“, Охрид.