Денес започнаа градежните активности за изградба на спортското игралиште за одбојка на песок во населба Воска. Игралиштето се наоѓа во непосредна близина на теренот за фудбал кај „Градска плажа“.
Изведувачи на активностите се јавните претпријатија „Градски гробишта“ и „Охридски Комуналец”. Работите се изведуваат по претходно изработен проект и одобрение за градба од локалната самоуправа. Игралиштето на песок ќе биде со стандардни димензии 18 на 9 метри, а песок ќе се става и на околниот простор на површина од 1,5 метар. Просторот ќе биде и хортикултурно уреден, а ќе има и патека покриена со бехатон плочки во должина од 45 м и ширина од 1,5 м.
Игралиштето на песок е ветување дадено од страна на градоначалникот Никола Бакрачески при неодамнешната средба со жителите на Урбана Заедница Воска.
Проектот се очекува да биде готов за две до три недели.