Охрид и охридско празнично го чествуваа Велигден

Според македонските и православно-христијански традиции, изминативе три дена охриѓани во топла семејна атмосфера и со велигденска трпеза го чествуваа Воскресението Христово – Велигден. По обичај во предвечерието на Великиот Ден исполнети беа охридските и околните селски соборни цркви каде се служеше велигденска празнична света литургија, за вечерта точно на полноќ да се слушне радосната вест: Христос Воскресе и Навистина Воскресе од грлата на илјадници охриѓани и уште илјадници гости кои овој празник го дочекаа во Охрид, нашиот и балкански Ерусалим.

Во пријатна и богата семејна велигденска трпеза каде неизбежно беше јагнешкото месо и уште многу јадења како прилог на радосната трпеза, православните верници Празникот си го збогатија и со песни и живи народни свирки и ороводни песни, како што беше и средеселкиот народен собир во Елшани, каде присутните ги веселеше групата Елшански Мерак (јуниор).

WebOhrid