„Водовод“ воведува електронска достава на фактури за правни лица

Заклучно со март годинава, МЈП „ПРОАКВА“ РЕ „Водовод“ Охрид воведува електорнска достава на фактурите за правни лица. Доставата првенствено ќе се врши на службените е-маил адреси преземени од Централен регистер на Р.Македонија.

„Како корисник на нашите услуги, должни сте да дадете изјава за согласност за електронска достава на фактурите. Оваа изјава ќе Ви биде доставена заедно со фактурата за месец март 2015 и фактурите за месеците што следат. Истата можете да ја пополнете во просториите на МЈП „Проаква“ Р.Е. „Водовод“ Охрид (дирекција) како и во наплатен центар „Трудбеник“ и наплатен центар „Корзо“.“– информираат од претпријатието.

Оттаму додаваат дека МЈП „Проаква“ секогаш излегува во пресрет на потрошувачите, се со цел квалитетно извршување на услугите.