Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“ врз основа на членoт 24 од Правилникот за работа на Одборот за доделување на наградата „8 Септември“ бр. 08-721/1 од 20.03.2013 година, распишува:
К О Н К У Р С
за доделување на државната награда „8 Септември“ во 2015 година
Со државната наградата „8 Септември“ се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот.
Во една година можат да се доделат најмногу до пет награди, од кои една награда е за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на Република Македонија на меѓународен план.
Со наградата „8 Септември“ за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на Република Македонија на меѓународен план се оддава признание на тренери (селектори и тренери) и спортски работници заради промовирање на Република Македонија во светот со остварени високи спортски резултати во меѓународниот спорт со кои се дава исклучителен придонес за развој на спортот во Република Македонија.
Иницијативата за доделување на:
– Наградата „8 Септември“ за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на Република Македонија на меѓународен план, ја доставува матичната национална спортска федерација, поддржана од најмалку десет национални спортски федерации. Една национална спортска федерација може да даде поддршка на само три кандидати за Наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на Република Македонија на меѓународен план. Кандидатите при поднесување на иницијативите задолжително да приложат документ со кој што ќе се потврди поддршката донесена и верификувана на седница на управен одбор од соодветната национална спортска федерација.
– Четирите награди „8 Септември“ со кои се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот може да достават поединци, спортски клубови, национaлни спортски федерации и други организации од дејноста спорт.
Паричниот износ на државната награда „8 Септември“ изнесува десет (10) просечни месечни плати во Република Македонија исплатени во последните три месеци во тековната година.
На наградениот за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на Република Македонија на меѓународен план му се доделува плакета, диплома и паричен износ.
Паричниот износ на наградата „8 Септември“ за животно дело е доживотна месечна исплата на една просечна плата исплатена во последните три месеца на тековната година.
Подносителите на иницијатива за доделување на државната награда треба детално да ја образложат иницијативата. Во текстот треба да се содржани и: биографски податоци, адреса на живеење, податоци за остварените резултати во областа во којашто е постигнато остварувањето и други документирани податоци и аргументи за кои се смета дека ќе придонесат во оценувањето.
Подносителот на иницијативата мора да го наведе своето целосно име и презиме, назив, фирма, адреса и телефон. Иницијативата (во комплетирана форма, вклучително и прилозите) да се достави во 20 примероци.
Конкурсот трае од 15 април до 20 мај 2015 година.
Иницијативите треба да се достават на адреса:
Агенција за млади и спорт – Одбор за доделување на државната награда „8 Септември“, ул.„Франклин Рузвелт“ бр. 34 – Скопје, Република Македонија.
Некомплетните иницијативи и инцијативите доставени по утврдениот рок за прием по Конкурсот нема да бидат разгледувани.
Претседател
Проф. д-р Зоран Радиќ