Екипите на „Јавна хигиена“ денес спроведоа акции за расчистување на магистралниот пат Скопје-Охрид на делницата до Подмоље и до нас.Свети Стефан. Овие акции се спроведуваат по налог на општинскиот инспекторат, а се расчистува расфрланиот отпад околу коловозните ленти и тревниот дел.
На потегот сообраќајна клучка на влезот во Охрид до с.Подмоље ангажирани се 6 комунални работници и се очекува да се подигнат околу 60 вреќи пластични шишиња, хартиена амбалажа, лименки и др.
На потегот Хидробиолошки Завод-нас.Свети Стефан (кај тунелот) за расчистување на најразличните отпадоци ангажирани се 4 комунални работници и се очекува да се подигнат околу 30 вреќи отпад.
Екипите на „Паркови и зеленило„ го расчистија патот до с.Орман (потег „Булевар Туристичка„ до с.Орман) од гранки и друга жбунеста и дива вегетација со цел непречено движење на пешаците и автомобилите.