Демант од Црковниот одбор на „Успение на Пресвета Богородица“-Велестово

Во врска со написот објавен вчера на WebOhrid со наслов „Велестовци сакаат нов поп“, реагираат од Црковниот одбор на „Успение на Пресвета Богородица“ – с.Велестово. Во целост ја објавуваме реакцијата:

„Почитувани, најпрвин ве молиме во целост да го објавите нашиот демант, сакаме да ве исправиме дека ние од наша страна не сме рекле дека С.Ристески е вработен во нашата црква и тоа дека 2 години немавме свештеник. Најверојатно се работи за недоразбирање од ваша страна, погрешно сме разбрани и цитирани, но да одиме со ред.

С.Ристески вели дека овај одбор не е легитимен? Како одборот со кој одлично соработуваше од 2009-2013 беше за него легален, а овој не е? По кој критериуми тој одлучува кој одбор според него е легален, а кој не е? Како него го поддржувале верниците кога врши служби за празници по домовите во 1 дом влегува, а следните 10 ги прескокнува и е раскаран со повеќе од половина село, а тие што го поддржуваат се мала група од 10-15 луѓе претежно од одборот од 2009-2013. Вели дека не е побарано состанок со него туку напротив, Црковниот одбор што беше од 2013-2014 г имаше состанок со него пред Божик 2014 и тоа во Св.Никола каде се дискутираше по сиве овие точки и се дојде до некакво разбирање и соработка од 2 страни. Меѓутоа таа соработка траеше до Водици 2014 кога беше од негова страна од само нему познати причини прекината соработката. Не е точно дека не се купувани свеќи од Митрополија, знае и тој дека после овој договор се купија свеќи од Митрополија, икони, крстиња, може слободно да си провери во Митрополија, ќе му дадат да ги види сметките. Значи свеќи се купуваа од Митрополија, туку дали е легално одборот со кој имаше одлична соработка од 2009-2013 зошто и на нив не им велеше дека треба да купуваат свеќи од Митрополија туку молчеше тогаш и не реагираше, од каде што тие свеќи беа набавувани од Скопје, дали за него тогаш тој одбор беше нелегален? Зошто молчеше тогаш? Уредно книговодство се води до денар, тоа може да се провери, но дали се водело уредно книговодство со одборот од 2009-2013? Дали е легално да се бара од нас да учествуваме со половина давачки за пензиско и здравствено осигурување кога во разговор со него тој призна дека буџетот на Св.Никола е најмалку 20 пати поголем од нашиот? Па, каде е тука сега логиката да се учествува рамноправно.

За музиките што се организираа. Дали беше за него легално да има музика и ракија од 2009-2013 со тогашниот одбор, а сега да нема музика, која е разликата што тогаш не реагираше за музиката и ракијата, а сега реагира? Очигледно е дека неговите доушници погрешно го информирале и не разбрале, за музиката сите средства беа обезбедени од спонзори и донатори за црквата. И на крај, што има лошо во тоа велестовци да се весели барем еден ден во годината, но очигледно тој не сака да види весел народ.

Вели дека бил за Велигден? Не е точно! За Велигден беше ама на погреб во 13 часот, а на утринска служба не дојде, ја бојкотираше. Вели дека луѓето биле со него и на погребот никој ништо не му рекол. Па што сака тој на погреб луѓето да тажат или да пеат песни со него? Дали за него е легално некој што дал јагне за курбан наместо некој верник за здравје да го купи, кај се видело поп да го земи јагнето? Дали тоа е легално? Дали е легално за венчавка младите велестовци што сакаат да си се венчаат Велесто во Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ да ги условува и да им вели дека ќе ги венчава само ако дојдат во Св.Никола? Со кое право? Дали за него е легално да им вели за погреб дека ќе дојди после 16 часот?

Има уште многу многу примери за набројување, но за крај да порачаме, дали е легално тој како духовен вода, како пастир на верниците наместо да не смирува тој да долева бензин на огнот?“– стои во демантот на Црковниот одбор на „Успение на Пресвета Богородица“ – с.Велестово и „Благовештение“ – н.Рача.