Сојуз за Иднината: Нашиот примат се граѓаните и поважно ни е да им се допаднеме ним, отколку на неколку луѓе од ДПМНЕ

Сојузот за Иднината реагира на реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ испратена до медиумите во врска со официјалното претставување на советничката листа. 

„Почитуван политички противнику, Ви благодариме за посаканото добредојде. 

Нашиот носител на листа денес прати порака за љубов и за меѓусебна почит, со што ова соопштение би го конципирале во тој манир. Во исто време,  бараме од вас уште еднаш добро да ја погледнете листата со кандидати од Сојузот за иднината, нормално, ако тоа не ви создава мачнина, и добро да забележите дека ова е нова и свежа листа на кандидати, во која место добија и најистакнатите од поранешниот Совет. Понекогаш можеби суровата реалност знае да боли, имајќи во предвид дека ваквата концепција на листата е составена од Народот и за Народот, за разлика од вашата, која ја составуваат двајца челници во некоја од вашите канцеларии во Скопје.

Нашиот примат се граѓаните и се извинуваме што поважно ни е да им се допаднеме ним, отколку на неколку луѓе од врвот на ДПМНЕ.

Во меѓувреме, сакаме да изразиме благодарност до членовите на ДПМНЕ кои со комплимент ја поздравија оваа листа“. – стои во реакцијата од Здружената опозиција.

WebOhrid