ЈП „Охридски Комуналец“ денес реализира акција за расчистување на крајбрежниот појас на Охридско Езеро во туристичката населба Лагадин. Се расчистуваше потегот од пред хотел „Два Бисери“ до авто-камп Елешец.
„На плажата, изминатиот период езерските води имаа наталожено големи количини сува трска и најразновидна амбалажа од широко употреба. Ангажирани се 8 комунални работници и подигнати се 10 м3 трска и околу 20 вреќи отпад.“ – велат од претпријатието.
Утре петок, 17-ти април ќе се реализира акција за чистење на крајбрежниот појас во с.Пештани, а во сабота на 18-ти април во селото Трпејца.