Исчистен крајбрежниот појас кај Лагадин

ЈП „Охридски Комуналец“ денес реализира акција за расчистување на крајбрежниот појас на Охридско Езеро во туристичката населба Лагадин. Се расчистуваше потегот од пред хотел „Два Бисери“ до авто-камп Елешец.

„На плажата, изминатиот период езерските води имаа наталожено големи количини сува трска и најразновидна амбалажа од широко употреба. Ангажирани се 8 комунални работници и подигнати се 10 м3 трска и околу 20 вреќи отпад.“ – велат од претпријатието.

Утре петок, 17-ти април ќе се реализира акција за чистење на крајбрежниот појас во с.Пештани, а во сабота на 18-ти април во селото Трпејца.