Во рамки на Карванот „Купи куќа, купи стан“ утре во Охрид Министерството за финансии заедно со претставници на банките и локални градежни компании ќе одржат презентација на проектот: како да се аплицира за субвенциите, кој може да аплицира и локална понуда на станови и куќи.
Настанот ќе се одржи во Општината (голема сала). Се повикуваат сите заинтересирани граѓани за проектот да дојдат на презентацијата.
Карванот „Купи куќа, купи стан“ секоја недела продолжува во друг град: Битола, Прилеп, Гевгелија, Струмица, Штип, Тетово, Велес и Куманово.