На трибината на ВМРО-ДПМНЕ во Свети Николе, заменик министерот за образование Спиро Ристовски се осврна на проектите кои во текот на минатите години се реализирани во образованието.
„Со 67 отсто зголемен буџет во образованието за период од девет години, со 70 нови изградени и 350 реконструирани училишта, бесплатно образование и воведен концепт на образовен процес еквивалентен на еден од најдобрите во светот – англискиот – е само дел од владиниот влог во иднината на младите генерации во Македонија“, подвлече заменик министерот за образование Спиро Ристовски.
Вицепремиерот Пешевски се осврна на реализираните инфраструктурни проекти, но и на мерките кои во текот на изминатите години придонесоа да се намали стапката на невработеност и да се создадат нови работни места преку инвестиции како од домашните, така и од странските инвеститори.
„Создадовме над 170 илјади нови работни места. Ние знаеме дека не е решен проблемот со вработувањето и со висината на платите на нашите граѓани, но работиме да се создадат подобри услови и подобра егзистенција“, рече Пешевски.