Раководството на СДСМ во текот на целиот ден денеска е во Охрид. Генералниот секретар Оливер Спасовски, организацискиот секретар Миле Зечевиќ, потпретседателот Дамјан Манчевски, членови на Извршниот одбор на СДСМ, претставници на ОО СДСМ Охрид одговараат на заинтересираните граѓани за доказите од проектот Вистината за Македонија, за плановите и активностите на СДСМ да ја врати Македонија на својот народ.
„Ова не е битка помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, ова не е битка на Зоран Заев и Никола Груевски. Ова е битка на слободните граѓани против узурпаторите од тесниот врв на власта. Ова време бара сериозна ангажираност од сите граѓани за да се спаси државата. Тоа е целта на СДСМ, да ја вратиме државата на граѓаните за тие да можат да одлучат кој ќе ја води“, порача генералниот секретар Спасовски.
На средбата со пензионерите и борците во Охрид, генералниот секретар Спасовски рече дека системот на контрола на Никола Груевски и на неколкумината негови соработнеци со кои ја злоупотребил власта, државата, дури и својата партија, е на стаклени нозе.
„На Македонија и е потребна треба широка граѓанска коалиција што ќе се избори за слободата и за враќање на демократијата во Република Македонија. Ние мораме самите да се ослободиме, никој од надвор нема да ни помогне ако самите не си помогнеме“, рече потпретседателот Дамјан Манчевски во обраќањето пред жителите на Пештани.
Потпретседателот на СДСМ, Манчевски и организацискиот секретар, Миле Зечевиќ во Охрид попладнето остварија средба со жителите на населбата Пештани.
Граѓаните даваат силна поддршка на проектот Вистината за Македонија со којшто се симнаа маските на криминалната власт на Груевски, Мијалков и нивните соработници.
„Ваква тортура немало во Македонија, ниту ќе има, Груевски не подели нас граѓаните по сите основи, брат со брат не сака да се види, тој што ни го направи ова големо зло, `не осиромаши, погази по нашето човеково достоинство – мора да замине“, беа некои од коментарите на жителите.
Претставниците на СДСМ денеска во Охрид имаа средби и со професори и со граѓани од турската заедница.
Извор: www.sdsm.org.mk