ДЗС: Индексот на цените во земјоделството кај инпутот е намален, а кај аутпутот е зголемен

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во март 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 8,1%, а кај аутпутот е зголемен за 5,2%.

Во март 2015 година, во споредба со март 2014 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 91,4, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 101,0.

Во делот аутпут, во март 2015 година, во споредба со март 2014 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 107,7, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 98,0.