Во рамки на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, денес претставници од наставничкиот кадар и Советот на родители од ОУ „Живко Чинго“, Велгошти и Општина Охрид учествуваа во одбележувањето на патрониот празник во ОУ „Фаик Коница” во село Доброште.
За време на посетата беа договорени заеднички активности кои на 15-ти мај ќе се реализираат во ОУ „Живко Чинго“ село Велгошти.
По повод Велигденските празници од страна на учениците од ОУ „Живко Чинго“ на присутните на настанот им беа поделени Велигденски јајца. Во знак на поддршка на проектот на патрониот празник на ОУ „Фаик Коница” беше присутен и градоначалникот на Општина Теарце, Исен Хасани.
Инаку ОУ „Фаик Коница” е партнер училиште на ОУ „Живко Чинго“ во реализација на проектот за меѓуетничка интеграција, чија цел е зближување на учениците, наставничкиот кадар и родителите кои се од различна етничка припадност.
Проектот за меѓуетничка интеграција во ОУ „Живко Чинго“, се реализира со поддршка на УСАИД и Општина Охрид и Градоначалникот Никола Бакрачески.