Голем народен собир на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп

Утре во Прилеп со почеток од 13 часот во Универзалната сала – Арена „Сонце“ ВМРО-ДПМНЕ ќе оддржи голем народен собир.

Со ова продолжува караванот на големи народни собири.

На собирот свое обраќање ќе има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, а ќе бидат изнесени позициите на партијата за повеќе актуелни теми и предизвици и ќе бидат испратени јасни пораки за она што се залага и за она што го планира ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период.