Груевски до Заев: Нема да ти дозволиме да си играш со безбедноста на државата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски од народниот собир во Прилеп на лидерот на опозциската СДСМ Зоран Заев му порача дека нема да му дозволат да направи граѓански конфликт во Македонија.

„Го гледам пред некој ден така засилен и раскомотен малку, подолабавена кошулата, демек неформален е. Вика гордо, ако треба и крв ќе падне. Слушам не ми се верува, враќам назад, пак слушам, стварно тоа го збори, си велам абе човек, седи мирен и не си играј играчки, тешки зборови кажуваш, не си играј играчки, да не те лаже ѓаволот да правиш глупости, зашто ако седиме мирно и те пуштаме на глава да ни се качуваш, не значи дека ќе дозволиме и граѓански конфликт да направиш“, порача Груевски.

Додаде дека Заев не треба да верува оти некој ќе му дозволи да си игра со безбедноста на државата