СДСМ со граѓаните на Штип: Заедно ќе ја обезбедиме иднината на државата

Тимови на СДСМ вчера беа помеѓу граѓаните на Штип. Генералниот секретар Оливер Спасовски, членовите наИзвршниот одбор на СДСМ, Петар Атанасов, Пеце Мирчески, Аднан Џафероски,Благојчо Бочварскии други високи претставици на СДСМ, претседатели на комисии како и претставници од ОО СДСМ Штип разговараасо граѓаните на Штип за доказите од проектот Вистината за Македонија.

На средбата со борците од градот Штип, генералниотсекретар на СДСМ, Спасовски, рече дека придонесот НОБ за Македонија ќе бешеневозможен без големината, решителноста, храброста и посветеноста на борците одНОБ.

„Благодариме за вашиот придонес кој го почитуваме и говреднуваме. Македонија денес е исправена пред нови предизвици за кои со гордостможе да кажеме дека имаме и храброст и решителност да ги надминеме. Сеобврзавме пред граѓаните и нашата обврска ќе ја исполниме, ќе ја вратимеслободата и демократијата а со тоа и ќеобезбедиме и подобра и попросперитетнаиднина за Република Македонија“, рече Спасовски.

Членот на извршниот одбор на СДСМ, Петар Атанасов, сесретна со младите штипјани.

„Младите се двигателот на новата енергија која јапочувствува цела Македонија. Одлучното НЕ на студентите и средношколците запогрешните политики на власта даваат надеж дека младите се подготвени да сеизборат за подобра иднина на државата“, рече Атанасов.

Тимовите на СДСМ во текот на денешниот ден остваријасредби и со професори и стечајци од Штип.

Вечерва на градскиот плоштад во Штип, во тек е граѓанскисобир: Граѓаните заедно за Вистината за Македонија.