Загинаа 700 мигранти во водите на Медитеранското Море

Околу 700 луѓе го изгубија животот во водите на Медитеранското Море откако се превртел бродот кој пренесувал мигранти, соопшти Би-Би-Си.

Според медиумот, спасени се само 28 луѓе, а италијанската крајбрежна стража потврди дека со бродот патувале 700 лица.

Се верува дека бродот се превртел, кога повеќето мигранти преминале на една страна откако виделе дека им се приближува трговски брод.

Извор: Нет Прес