Во согласност со програмските активности на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и промотивната кампања на Македонија како туристичка дестинација во Франција, АППТРМ организираше информативно патување за тур оператори и новинари од Франција.
Во работните простории на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот тур операторите од Франција на 17.04.2015 година одржаа B2B средби со директорот на АППТРМ, Кристијан Џамбазовски и со претставници од туристичкиот сектор во Македонија. Истите тур оператори на 15.04.2015 во Хотел Милениум во Охрид одржа B2B средби со хотелјерите и туристичкото стопанство од Македонија.
Беа остварени средби со следниве претставници од Франција:
– Mrs Jana MULHOLLAND, General manager of ALEST Voyages – www.alestvoyages.fr
– Mrs Semra BEYAZKILIC, Production director of INTERMEDES – www.intermedes.com
– Mrs Delphine CAMARA – Deputy General Manager of ARTS & VIE -www.artsetvie.com
– Mrs Delphine MORTEAU – Group Production Director of KUONI -www.kuoni.fr
– Mrs Virginie DELGOULET – Sales Director of VERDIE VOYAGES – www.verdie-voyages.com
– Mrs Brigitte DUCASSE – journalist of the (print & web) trade French magazine Le QUOTIDIEN du TOURISME – www.quotidiendutourisme.com
– Mr Marc MICHEL – journalist of the (print & web) trade Belgian magazine TRAVEL MAGAZINE – www.travel-magazine.be
– Mr Philippe MUGNIER – CEO of ATTRACT – www.attractpr.com – Representative in France of MAPST (Macedonia Agency for Promotion & Support of Tourism).
Тур операторите од Франција изразија задоволство од успешните средби со бизнис секторот и беа задоволни од организацијата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Потенцијал за соработка има, разменија контакти со сите претставници од туристичкиот сектор од Македонија и ќе останат во понатамошна комуникација со истите. Интересот на тур операторите е проширување на нивната дејност и на македонскиот пазар, привлекување на поголем број потенцијални туристи од Франција.