Фолк пејачот Гашо Тришески, пoзнат како Гаги по потекло e од Кичево, а веќе долги години наназад работи и живее во Базел-Швајцарија. Во музичките води сериозно запливува уште кога живеел во Кичево но неговите големи и забележителни успеси се на швајцарска територија. Имено,неофицијално дознаваме дека Гаги на своите настапи низ градовите каде што има македонци низ Швајцарија, зема вртоглаво големи хонорари и дека е доста баран по тамошните забави и свечености. Кога го прашавме за хонорарор, тој скромно ни одговори дека секој човек кој својата работа ја работи со љубов ,со многу истрајност и флексибилност е на истиот тој човек еден ден трудот ќе му се вреднува и цени. Гаги вешто го избегна одговорот за хонорарот и овој пат го запрашавме „Како гледа на животот и заработувачката во и надвор од родната земја“-на што тој одговори:
„Родната земја е една и единствена и два-три пати годишно се враќам дома заедно со сопругата Ева и синчето Кевин, но доаѓам на одмор а не да пеам и заработувам. Можам да кажам дека во Македонија пеењето ми е хоби и кога би требало лебот да го вадам тука,ех многу тешко би одело. Сите знаеме денес каква криза има во секоја професија а поготово во музичката професија односно на музичката естрада. А во Швајцарија функционирам беспрекорно на музички план и таму навистина може да се живее од музиката. Ме прашавте за животот и ќе ви кажам дека најубаво место за живеење на планетава за секој човек е местото каде што се родил,кај што му е коренот. Нема поубав дом за мене од моето Кичево и мојата Македонија но многу е жално тоа што кај нас е голема безработица и безпарица и секој си гледа чарето каде може да си дозволи за себе и семејството поубави услови за живеење. Јас мојот македонски сон го живеам во Швајцарија. Да се надеваме дека набрзо ќе дојдат и за нас и нашата земја поубави времиња“-вели Гаги.
Гаги ни откри дека е во подготовки неговото ново ЦД, а и дека во план му е да сними спот за овогодинешната наградена песна на Охридски трубадури-„Ајде раце горе“.
Исто така ни кажа дека најголемата поддршка ја добива од неговата млада и убава сопруга Ева заедно со малото синче Кевин на кои им е бескрајно благодарен за разбирањето и дека набрзо ќе им посвети песна. Нам ни преостанува да му посакаме уште поголеми успеси на Гаги и уште поголема заработувачка и секако и многу хитови.