40-тина лица ја нападнаа ПС Гошинце

Република Македонија, односно државните институции утринава беа цел на терористички напад.

Имено околу 02.30 по полноќ, поголема група од околу 40-тина лица ја нападнале караулата Гошинце во близина на северната граница. Лицата биле добро вооружени и носеле маскирни униформи со ознаки на УЧК и меѓусебе комуницирале на албански јазик. При нападот биле заробени четворица полициски службеници кои во моментот биле дежурни во караулата. Напаѓачите ги разоружале и тројца од нивги врзале со лисици, а започнале и да удираат еден од полициските службеници. Истите извадиле и камера и го снимале настанот.

Лицето кое што ја предводело групата, на албански јазиик, преку преведувач, кој што говорел на лош македонски јазик со србизми, им се обратил на врзаните полицајци со следниве зборови: “Ние сме од УЧК, пренесете на сите дека ниту Ахмети ниту Груевски не може да ве спасат. Ние сакаме наша држава и не сакаме никакви охридски договори.Повеќе никој не сме да дојде нагоре.Доколку вас или било кој друг фатиме повторно сите ке ве ликвидираме“.

По ова на врзаните полицајци им било дадено време од половина час, по нивното заминување, пеш да си заминат од караулата и им упатиле закани дека доколку порано го направат тоа или доколку останат дека ке бидат ликвидирани.

Во меѓувреме членовите на групата го одзеле оружјето кое го пронашле во полициската станица и радиоврските на полициските службеници и им ги искршиле мобилните телефони.

По половина час,еден од полициските службеници, кој што не бил врзан, станал ги земал клучевите од лисици кои што биле оставени за земја во нивна непосредна близина, ги одврзал сите колеги и пеш се упатиле по патот надоле, а во еден момент слушнале и долг рафал од автоматско оружје.

Според првичните сознанија и оперативни информациистанува збор за лица од Косово, но дополнително се работи на обезбедување на соодветни докази.

Министерството за внатрешни работи презема мерки за целосно расчистување на нападот на караулата.