Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими Началникот на ГШ на ВС на Република Бугарија, вице адмирал Румен Николов.
Претседателот Иванов ги поздрави напорите за натамошно унапредување и продлабочување на билатералната соработка во сферата на одбраната, преку реализација на конкретни проекти и заеднички активности, и додаде дека реформите и мерките кои се преземаат во Република Македонија за унапредување на стандардите во сферата на одбраната, само ја потврдуваат нашата стратешка цел за членство во НАТО.
Вице адмиралот Николов, истакна дека Република Бугарија го поддржува членството на Република Македонија во НАТО, и изрази спремност за унапредување на соработката во сферата на одбраната, преку заеднички проекти.